Видео:Путин доби честитка за роденден од Холивуд

Жители на Лос Анџелес објавија фотографија од неидентификуван авион на кој на   небото над Холивуд „исцрта“  #VVP67, што според „толкувањето“ на корисниците на социјалната мрежа, било роденденска честитка за рускиот претседател Владимир Путин.

Во видеото се гледаат првите иницијали на рускиот претседател на  VVP-ВВП - Владимир Владимирович Путин, додека 67 претставува број на години што ги наполни вчера рускиот претседател.

Еден корисник објави видео на кое се гледа како честитката е направена од мал авион што кружи на небото.

Путин инаку го прослави својот 67 роденден во дивината, далеку од Кремљ, уживајќи во планинарењето во тајга со неколку свои сопартијци, пренесува Спутник.

На видеото и фотографиите објавени вчера може да се видат Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу како се качуваат на планини и собираат печурки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#VVP67 or #VVPG7 #MERCURYRETROGRADE

A post shared by Preston Olivia James (@prestonoliviajames) on

ФОТО: Српската пејачка се прошета со чуден детал на снимање

Српската пејачка се појавила на снимање со необичен детал околу вратот. Пејачката избрала розев фустан, но сите гледале во сребрениот ремен кој го ставила како ланче.

„Под итно смени го стилистот“, „Дали тоа ремен носиш околу врат“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

ФОТО: Познатата македонската пејачка ослабе 20 килограми

Наде Талевска Спасовска една од најдобрите оперски и поп пејачки во интервју за Женски магазин  вели дека програмата за хроно исхрана која ја добила во една скопска болница ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.

„Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш, и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“, вели Талевска.

На прашањето дали операските пејачки по некое непишано правило треба да се покрупни жени, таа вели:

„Да, и јас сум го чула тоа дека за оперските пејачки велат дека треба да се покрупни. Но, и не мора да е така. Всушност, самата сцена си бара и естетика покрај вокалниот квалитет“, вели пејачката.

Вака изгледаше пред драстично да ослабе:

ФОТО: Маја Беровиќ со нов имиџ

Познатата пејачка Маја Беровиќ повторно ја скрати косата и го претстави новиот имиџ. Пејачката честопати ги известува своите фанови кога се фарба, става екстензии, па така беше и овој пат.

– Што се прави? Ги прашала Маја своите фанови, сакајќи да се пофали со новата пократка коса.

Комплименти пристигнаа од сите страни, повеќето од фановите се согласуваат дека ова е нејзината најдобра фризура.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pose👶🤩

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial) on

Популарно