Во оваа земја има 10 илјади луѓе кои имаат 100 години

Канада  минатата година забележа рекордно зголемување на популацијата, што се претпоставува дека е резултат на миграцијата, но во исто време, населението во таа земја  се повеќе старее.

Така според најновите податици за првпат во земјата се регистрирани над 10.000 луѓе кои се на возраст од 100 години .

Според официјалните бројки од минатата година, населението во Канада  се зголемува секоја минута за едно лице.

Видео: Ниту една жена не сака да „ се мажи“ во село

Трендот на иселување на младите покрај градовите ги зафати и помалите населени места во нашата држава.

Таков е случајот си Јастребник е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, во Јастребник живееле 210 жители.

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Јастребник имало 264 Македонци, егзархисти.Според пописот од 2002 година, селото има 23 домаќинства со 34 куќи и 48 жители. Но за жал денес има жители кои може да се избројат на една рака.

„Во селото сме само три куќи во кои живеат луѓе постојано. Имаше народ, но избега, се исели, нема вода овда. Живеееме од социјално и друга помош што ни ја дават. Исто так чуваме говеда со братми. Овде немат жени, нема ништо. Нема со кого да се ожениме, никоја не доаѓа“, изјави Гоце, еден од малкумината жители.

Која е поздрава?

Морската и кујнската сол , се користат за готвење и консумирање. Сепак, првата разлика е во тоа како се добиваат секој од овие видови.

Додека кујнската сол се ископува од длабочините на земјата и минува низ низа индустриски процеси, при што се отстрануваат многу минерали и се додаваат адитиви, морската сол се добива преку природни процеси на испарување на морската вода. Притоа, минералите остануваат зачувани во гранулите.

Кујнската сол е пофина по текстура, па затоа е полесно да се мешате во храната, но во некои рецепти готвачите користат само  морска сол заради неговата груба и крцкава текстура. На некои им се допаѓа и посилниот вкус на морска сол.

Многу луѓе ја  доживуваат морска сол како здрава алтернатива на кујнската сол.

Сепак, тоа е малку посложено. Иако луѓето можеби сметаат дека морската сол е поздрава опција, заблудата е дека содржи помалку натриум. Количината на натриум е иста и во двата типа на сол.

Бидејќи морската сол потекнува од природен извор, таа исто така содржи и други минерали, вклучувајќи магнезиум, калциум и калиум. Но, додека кујнската сол не ги има овие дополнителни хранливи материи, таа содржи јод што е од големо значење за здравјето.

Покрај тоа, важно е да се знае дека натриумот е основна хранлива материја која луѓето ја добиваат од додадената сол и преработената храна. Сепак, лекарите препорачуваат ограничување на солта во исхраната, бидејќи премногу натриум може да придонесе за дехидрација и срцеви заболувања, а високиот притисок како резултат на прекумерна потрошувачка на сол е причина за загриженост.

Затоа, никој не одговара  децидно кога станува збор за избор  на „подобра“  сол. Многу поважна е количината што ја внесувате. Се препорачува дневно внесување во опсег од 1,5 до 2,3 грама сол, а прекумерното консумирање сол ќе го наруши здравјето на луѓето, ќе ги оштети бубрезите, ќе го зголеми крвниот притисок и може да предизвика многу други здравствени проблеми.

Фото: Сопругата на Борко Ристовски, Нина откри чија копија е синчето

Во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.

Имено, тогаш немаше свадбена прослава туку скромна семејна вечера, а свадбата веселба се случи на почетокот на оваа година во еден луксузен хотел во Скопје каде присуствуваа нивни пријатели, но и личности од јавниот свет.

Борко и Нина уживаат во својата семејна идила, а нивната радост и среќа ја зголемува синчето Душан кое име една ипол година.

Тие на социјалните мрежи често знаат да споделат дел од нинвниот приватен живот и да покажат како уживаат. Кога има некој голем повод, родендени, „Ден на вљубените“, „Денот на мајка“, годишнина од брак итн тие често си честитаат на социјалните мрежи.

Деновиве, Нина откри на кого личи нивниот син. Велат дека ќерките најчесто личат на татковците, додека синовите на мајките, а ова испадна точно и кај Нина и Борко.

Имено, Нина на „Инстаграм стори“ објави колаж од фотографија кога таа била мала и фотографија од Душан, па покажа дека Душан е копија на мама.

Извор - Вистина.мк

Популарно