Антонио Милошоски-Македонија добива зелено светло од Холандија

На својот Твитер профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва напиша дека Македонија добива зелено светло од Холандија без дополнителни услови, додека Албанија добива црвено светло за старт за преговорите со ЕУ.

(ВИДЕО) Жители на Чаир играат оро за време на полициски час

Денеска припадниците на испамската вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам, па по тој повод полицискиот час започна во 11 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро.

Според најновата статистика на новозаболени од Ковид-19, Чаир спаѓа во скопските населби со најмногу заболени.

Претходно, Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистирании 37 нови случаи на коронаворус во Македонија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

(Видео) Џузепе Конте почна да кашла во парламент, пратениците само што не „избегаа“

Премиерот на Италија, Џузепе Конте поради кашлица мораше да го скрати говорот во парламентот, а негодувањето на пратениците поради ова случување ја смируваше претседателката на парламентот.

Конте во текот на говорот пред Сенатот неколку пати почна да кашла, поради што непланирано мораше да го скрати својот говор. Кога првпат почна да кашла, сенаторите од опозициските партии бурно реагираа и му дофрлаа да стави заштитна маска.

Нередот мораше да го прекине претседателката на Сенатот, Елизабета Каселати, која ги повика сенаторите да се смират.

Конте се напи вода и продолжи да ги чита точките, но набрзо повторно се закашла, овој пат со обид со лакт на уста да ги заштити сите во просторијата, а дел од коментарите на социјалните мрежи се дека пратниците за малку ќе го напуштеле парламентот поради тоа.

Преглед на граѓаните позитивни на коронавирус според населба на живеење

Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.

(МИА)

Популарно