ФОТО: Шеф Марк во изолација зготви превкусни јадења

Во време на домашната изолација поради коронавирусот, сите се трудиме да најдеме нешто во што ќе уживаме и така ќе ни поминува побрзо времето.

Познатиот готвач кој го гледмаме во емисијата „Брза кујна“ на Сител телевизија Марк де Јонг или шеф Марк покажа какви специјалитети зготвил додека е во изолација.

Освен тоа, тој се вклучи и во предизвикот во кој учествуваат ситње корисниците на социјалните мрежи, а тоа е да се објави фотографија од детството.

Погледнете:

(ФОТО) Алексина Грејам: Страшно беше, не можев да зборувам, ниту да јадам

Манекенката од ангелите на Викторија, Алексина Грејам (30) на Инстаграм сподели вест дека била хоспитализирана откако и се појавиле тешки симптоми од вирусот Ковид-19.

Таа објави фотографија од болничкиот кревет на кој лежи со маска на лице и ги опиша симптомите кои ги имала.

-Повеќе пати дневно повраќав. Се појави висока висока температура, а на телото ме лазеа „морници“. Не можев да зборувам нормално, ниту нормално да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми беше затворено, напиша манекенката која додава дека сама не можела да оди никад.

Таа им порача на сите сериозно да ги сфатат мерките на надлежните , да се изолираат и останат дома додека не помине пандемијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Little Sister looks after Big Sister ❤️ Thank you Sister!! I was scared, I was in pain and I didn’t know what was to come but you took care of me, you held me, you wiped away my tears and you have been there through each step. When you couldn’t be with me in hospital you were there on the phone. Family, best friend and my nurse at home. Love you 💕 Day 5 and I’m getting stronger and feeling better daily 🙌🏼. Thank you to the people who sent kind messages, love and good vibes 💗 It really meant the world to me and lifted my spirits💋 Some People are still not taking this seriously. I see on the news there are still gatherings going on and even house party’s!!Please stay home in isolation alone or with who you live with only!! It’s scary -I was throwing up and on the toilet at the same time multiple times through the first day, the fever appeared and then when It broke I got severe chills, i was light headed, I lost shortness of breath, I lost the ability to be able to speak properly in full sentences,my lungs just wouldn’t let me, my chest was tight, I wasn’t able to get in and out of a bath alone, i needed help to get in and out of bed and even eating became painful!! Please take this seriously and please stay home. Love to you all out there ❤️ Stay safe everyone 🌎 💋 💋 (the first photo was taken when we had already started self isolation at home, my first symptoms started but I thought I had food poisoning only) #keepsafe #stayhome #lookaftereachother #lookafteryourself Big Thankyou to our health hero’s, Thankyou to the NHS and Thankyou to Key workers in this crazy time 💗

A post shared by Alexina Graham (@alexinagraham) on

ВИДЕО: Иранци, шпанци, италјани, индијци, кинези ... на македонски и на својот јазик ве повикуваат да седите дома

Македонецот Влатко Лазов кој живее во Виена направил прекрасно видео со помош на своите пријатели ширум светот.

Вели сите сме исти во овие тешки денови, луѓе што меѓусебе не се познаваат решив да ги спојам, во едно позитивно видео, со порака на македонски да останеме дома и да се чуваме сите.  

“Да ве поздравиме вака од цел свет мили мои :) Седете си дома без мрдање. Заедно сме во ова. Споделете и се гледаме на лето”, напиша тој на својот Facebook профил.

(ФОТО) Кали Шор: Одев само до продавница

Младата американска кантри-ѕвезда Кали Шор на социјалните мрежи откри дека се заразила со коронавирусот и покрај тоа што од дома излегувала само за да оди до маркет.

25-годишната пејачка на Твитер напиша дека успеала да се зарази со коронавирусот и покрај тоа што три недели поминала во карантин, при што повремено одела по намирници.

-Се чувствувам значајно подобро, но тоа е доказ колку и ова е опасно и заразно. Бескрајно е фрустрирачки да гледаш како луѓето ова не го сфаќаат сериозно, додала Шор, која на Инстаграм има повеќе од 42.000 следбеници.

Младата пејачка, најпозната по песната „Lullaby“, открила дека најлошо се чувствувала првите неколку денови.

Првите денови беше апсолутно ужасно. Никогаш претходно не сум се чувствувала така. Ме болеше целото тело, а грозницата беше како да ме носи бран. Целосно го загубив осетот за мирис и вкус, напишала таа.

Откако еден корисник на Твитер ја нападна дека измислува дека е заразена, пејачката откри дека најлошо ѝ било пред една недела, а потврдата дека станува збор за коронавирусот ја добила вчера.

Популарно