Погледнете што треба да направите кога ќе се вратите дома за да се заштитите од коронавирусот

Мерки на претпазливост во време на коронавирусот се многу важни. Сите ни кажуваат дека хигиената е единствената работа што може да нè заштити од оваа опасност. Но не е доволно да носите маска и ракавици.

Доколку сте биле надвор: во продавницата, аптека, работа или јавен превоз, ве советуваме да го сторите следново:

На јавни места, не заборавајте да носите маска и ракавици. Ако немате тоа, носете зимски ракавици и шамивче над носот и устата. Избегнувајте контакти (ракување, гушкање) и потпирање на која било површина. Избегнувајте седење во јавен превоз.

Важни правила:

Чевлите соблечете ги надвор, пред врата. Отстранете ги ракавиците пред да влезете дома. Ракавиците за еднократна употреба се фрлаат во корпа за отпадоци, а ако сте носеле зимски ракавици веднаш ставете ги во машина. Треба да се перат на 60 степени.

Отстранете ја маската и фрлете ја. Соблечете ја облеката што сте ја носеле и ставете ја за перење.Измијте ги рацете темелно, измијте лице.

Користете брисачи од хартија за да се избришете или пешкир што го користите само вие и го менувате секој ден.

Дезинфицирајте ги вратите, подот, бравите, телефонот, паричникот. На крајот, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.

Научниците открија кој е најчест симптом на коронавирус

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон дошле до заклучок дека најочигледниот симптом на зараза со коронавирусот е губење на сетилото за мирис. Според резултатите на британската студија, губењето на способноста за препознавање на мирис било забележано кај речиси 60 отсто од пациентите, кај кои дополнително било утврдено дека биле позитивни на Ковид-19, и кај само 18 отсто чиј тест на вирусот бил негативен. 

„Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кои го изгубиле чувството за мирис, веројатноста дека се позитивни на Ковид-19 е 3 пати поголема, па затоа е потребно таквите лица да се самоизолираат во текот на една недела за да се намали ширењето на заразата”, истакнал Тим Спектор, професор од колеџот.

Ваквите податоци ги навеле научниците на заклучокот дека губењето на сетилото за мирис е најизразениот симптом на инфицираност со вирусот. Научниците во истражувањето направиле модел кој овозможува да се одреди, врз основа на која комбинација на симптомите може попрецизно да се прогнозира дали одредено лице е заразено со Ковид-19. Помеѓу тие симптоми се издвојуваат губење на сетилото за мирис и вкус, висока телесна температура, сува кашлица, малаксаност, дијареа, болка во стомакот и намален апетит.

Истовремено, според мислењето на експертите на Британското здружение за оториноларингологија, губењето на чувството за мирис може да биде знак на зараза и од некој друг тип на коронавирус. Научниците советуваат дека треба да се обрне внимание и на очите. Американски експерти објасниле дека иритацијата на очите и непријатната сензација можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирусот.

Медицинска сестра открива: Ова е најважниот симптом на Ковид-19 кај секој пациент

Една од медицинските сестри во "Life Care Center", жариште за епидемијата на коронавирус во Вашингтон, Челси Ернест истакна дека единствениот и најважниот симптом на „Ковид-19“ кај секој пациент бил фактот што очите им биле црвени.

Кашлањето, забрзаното дишење и црвените очи се сите симптоми на коронавирус, но оваа медицинска сестра истакнува дека за неа и нејзините колеги црвените очи биле показател бидејќи се присутни кај сите пациенти заразени со вирусот што го видела.

„Имавме пациенти кои имаа црвени очи како единствен симптом што го видовме и дојдовме во болницата и починаа“, рече таа.

„Нивните очи изгледаа како некој кој имал алергиска реакција. Нивните белки на очите не биле црвени, меѓутоа повеќе личело на тоа дека имаат црвена сенка, како да имаат црвени очни капаци околу очите“, изјави Челси за Си-Ен-Ен.

Новите истражувања покажаа дека инфекцијата на очите, како што е конјунктивитис, може да биде симптом на Ковид-19.

„Признато е дека секоја инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира во вирусен конјунктивитис како секундарна компликација, што исто така е случај и со Ковид 19“, велат истражувачите.

Што треба да правите ако имате температура 37,5 и ве гребе грлото

На вчерашната конференција за новинари доц. д-р Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, одговорила на прашања на новинари, што треба да прават луѓето кои со денови имаат блага покачена температура и болка во грлото, односно симптоми кои кожат, а не мораат да укажуваат на коронавирус.

Прашањето на конференцијата гласело: „Што треба да прават пациентите кои ги гребе грлото и имаат температура 37,5?“

„Шна што потенцијалните пациенти треба да прават е пред се да се јават на матичниот лекар. Не смееме да заборавиме дека и матичните лекари се вклучени во дијагностицирање на коронавирусот. Пациентите за кои вие прашувате треба да се јават кај лекар од општа пракса, бидејчи немаат индикации за хоспитализирање, се враќаат дома и ќе бидат под контрола на надлежен епидемиолог“, рекла д-р Ивановиќ.

Популарно