ВИДЕО: Родители на 6 месечно бебе бараат итна помош од македонското здравство

После толку време молење, три недели да ги молам да преземат нешто, видете како диши бебето, како се бори. Сега ќе ја симнуваат на интензивна нега. Докторка Ана вели дека ова било нормално да се случи кај бебето и дека тие знаеле дека тоа ќе се случи.

Нека види министерот, нека види Заев каква е состојбата на бебето после толку време молење.  10 доктори кажаа дека бебето требало да се изнеси надвор, а за докторката овде не требало и еве ја состојбата сега, вели таткото на малата Бисера за кого е пратено дури и обезбедување да биде избркан надвор од болницата.

Тие уште еднаш упатуваат апел до првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче дека е потребно да се даде соодветна нега за ова мало дете чија состојба од ден на ден се влошува. Еве што напишала мајката на Бисера на својот официјален ФБ профил:

ВИДЕО: Едно дете имам ама ме закопа веќе, но и она е виновна

Новинарот Фуркан Салиу денеска разговарал со таткото на едно од момчињата кои полицијата ги приведе поради насилство.

Јавноста ги виде како крвнички тепаат 20-годишна девојка и ја прашуваат дали е бремена. Тие и покрај тоа што не се сигурни за нејзината состојба упорно ја клоцаат и шамараат.

Во еден дел од разговорот таткото вели можеби и таа е виновна. -Едно дете имам ама ме закопа веќе, потенцира тој.

Изјавата на таткото:

МЗ: Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    Скопје - 195

    Куманово – 62

    Дебар – 47

    Штип – 15

    Прилеп – 21

    Тетово -13

    Струга – 9

    Велес – 6

    Битола – 4

    Охрид – 3

    Кавадарци – 2

    Гостивар – 1

    Гевгелија – 2

    Струмица- 1

    Крива Паланка – 2

    Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Популарно