Дарко Панчев: Мораме да бидеме дисциплинирани

Поранешниот фудбалер Дарко Панчев кажа дека ова време додека трае коронавирусот го поминува како и сите други, со семејството.

-Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Главно сум со семејството, со децата, кои се малку понервозни од нас, да кажам постарите. Засега сме дисциплинирани, мораме да бидеме такви, затоа што оваа болест е силна и тешка. Потребно е да ги слушаме надлежните органи и да ги почитуваме правилата како во Македонија, така и во Србија. Експертите велат дека надобра превенција е толку изолацијата, така што јас тоа го почитувам во целост. Верувам дека со дисциплина можеме да го победиме ова што не снајде - истакна Панчев за сајтот на Црвена ѕвезда.

Тој опиша и како изгледа еден негов ден во зиолација.

-Мислам дека секој човек има вообичаен ден. Инаку, сопругата и јас гледаме добри филмови, во текот на денот гледаме по 2-3 филма. Особено најновите, има многу нови филмови. Тука ни се и децата, кои исто така се вредни, учас, ги обработуваат своите обврски и тоа е сјајно. Времето се исполнува, но ние луѓето сме навикнати да бидеме слободни, но мораме да бидеме одговорни за сето ова да го преживемее - вели Панчев.

Самсоненко ги исплати ракометарите и фудбалерите на Вардар!

Дојде и тој ден, Сергеј Самсоненко повторно е „Дедо Мраз“ во Вардар, рускиот газда се појави во Скопје и повлече потег каков што се чекаше од првиот човек на клубот – ги исплати спортистите во ракометниот и во фудбалскиот клуб.

Премногу им се должи на членовите на овие два колектива, кои не само што не се платени за оваа, туку дури и за претходната натпреварувачка сезона. Ракометарите лани беа херои и без плата стигнаа до европска круна, но долговите им дојдоа преку глава, па егзодусот почна уште пред два месеци, со заминувањето на Криштопанс и на Атман и најавените трансфери на бројни првотимци.

Фудбалерите пак овојпат се вистинските херои, со драстично подмладен тим делат лекции во Првата лига и заслужено се на чело на табелата, дури и во ситуација кога цела сезона добиваат празни ветувања за да им се исплатат платите од договорите.

Свесен е Русинот дека должи многу, дури и премногу за македонски услови, а неговото недомаќинско работење во фудбалскиот клуб придонесе Вардар лани да не добие лиценца за настап во европските купови, на тој начин и да заработи значителна сума што ќе беше добредојдена во оваа беспарица.

Затоа, плаќањето на долговите кон спортистите треба да биде прво нешто што Русинот треба да го направи. Затоа што оваа наша вест е ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА, но истовремено и опомена до големиот газда дека премногу семејства зависат од неговото дадено ветување. А дадениот збор значи и обврска кон оние кои гинат за црвено-црниот дрес, кои заслужуваат да го добијат ветеното и без да молат за него.

И уште еднаш АПРИЛИ ЛИ ЛИ!

Имаме сигурна иднина - Репрезентативецот Тихомир Костадинов донираше во болницата во Гевгелија!

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов донираше средства на детското оделени во општата болница од Гевгелија. Потегот на Костадинов го потврдија од болницата на нивната Фејсбук страна.

“Голема благодарност од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија до Тихомир Костадинов од с. Миравци , Репрезентативец на Македонската фудбалска репрезентација за доделената донација – ентериер за опремување на амбулантите во рамките на институцијата“, стои во објавата.

Популарно