Михајловски: Џабе плашиш Османи, ние Македонците сме вратени пред 1945

Тони Михајловски, актер и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук му испрата порака на вцепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш“, напиша Михајловски.

Ова следуваше откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смета оти Законот за јазици не треба да се чепка. Тој предупреди дека секој обид за еднострано менување на Законот ќе значи нарушување на балансот во македонско – албанските односи и би можел да резултира со состојби пред донесувањето на Рамковниот договор од 2001 година.

„Кој било обид, на пример дали македонските уставни судии да ги надгласуваат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали Собранието без согласност и на претставниците на етничките заедници, дали кој било друг во државата ако се обиде на најсензитивното прашање да пристапи еднонасочно, буквално, како што рече, ја урива оската на која се држи балансот на македонско- албанските односи во државата“, рече Османи.

На 32-години почина поранешен одбојкар на Џио Струмица

Тажна вест за струмичката одбојка, на 32 години почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории. Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009 година, соопштија на официјалната страница на одбојкарската федерација на Македонија.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите, во неговиот роден град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.

ЗаСе изразува сочувство до семејството на Дени.

Извор: Спортмедиа

Мајката на Пино за утре најави мирен протест и комеморативен марш

Мајкта на на убиениот Пинета Секондо Пино, на својот ФБ профил објави писмо кое е доставено до пиолициската станица Беко-Скопје со кое најавува дека утре во 17:00 часот ќе се одржи  комеморативен марш со цел потсетувањена денот кога Пино беше убиен и комеморација за сите исчезнати луѓе.

Популарно