Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии

Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии, па веќе си избраа и лична заштита.

За нивната безбедност се грижеа телохранители од Скотланд јард. Новиот тим, што го избра двојката, го сочинуваат луѓе кои се грижиле за познати јавни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона и семејството на Берни Еклстоун.

Меган Маркл и 35-годишниот Хари претходно објавија дека ќе користат „приватно финансирани мерки за безбедност“ по напуштањето на Велика Британија. Но, весникот „Мирор“ вчера објави дека, наводно, „приватните телохранители“ се под агенција финансирана од британските даночни обврзници. Извори одвнатре, наводно, тврдат дека ангажираните „немаат воопшто никаква желба да работат“ за Хари и за Меган.

– Никој не знае каков е планот и каде ќе се вселат времено или на долгорочен план – изјавува неименуваниот извор.

Засега Хари и Меган се наоѓаат во Лос Анџелес и американските телохранители ќе ги чинат 800 британски фунти на ден. Се работи за тим од најмногу десет лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, пред неколку дена соопшти дека САД нема да бидат одговорни за безбедноста на брачната двојка. Нивниот портпарол на тоа одговори дека тие двајца воопшто не очекуваат американските власти да плаќаат за тоа и оти нивната безбедност ќе биде личен трошок.

(ФОТО) Алексина Грејам: Страшно беше, не можев да зборувам, ниту да јадам

Манекенката од ангелите на Викторија, Алексина Грејам (30) на Инстаграм сподели вест дека била хоспитализирана откако и се појавиле тешки симптоми од вирусот Ковид-19.

Таа објави фотографија од болничкиот кревет на кој лежи со маска на лице и ги опиша симптомите кои ги имала.

-Повеќе пати дневно повраќав. Се појави висока висока температура, а на телото ме лазеа „морници“. Не можев да зборувам нормално, ниту нормално да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми беше затворено, напиша манекенката која додава дека сама не можела да оди никад.

Таа им порача на сите сериозно да ги сфатат мерките на надлежните , да се изолираат и останат дома додека не помине пандемијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Little Sister looks after Big Sister ❤️ Thank you Sister!! I was scared, I was in pain and I didn’t know what was to come but you took care of me, you held me, you wiped away my tears and you have been there through each step. When you couldn’t be with me in hospital you were there on the phone. Family, best friend and my nurse at home. Love you 💕 Day 5 and I’m getting stronger and feeling better daily 🙌🏼. Thank you to the people who sent kind messages, love and good vibes 💗 It really meant the world to me and lifted my spirits💋 Some People are still not taking this seriously. I see on the news there are still gatherings going on and even house party’s!!Please stay home in isolation alone or with who you live with only!! It’s scary -I was throwing up and on the toilet at the same time multiple times through the first day, the fever appeared and then when It broke I got severe chills, i was light headed, I lost shortness of breath, I lost the ability to be able to speak properly in full sentences,my lungs just wouldn’t let me, my chest was tight, I wasn’t able to get in and out of a bath alone, i needed help to get in and out of bed and even eating became painful!! Please take this seriously and please stay home. Love to you all out there ❤️ Stay safe everyone 🌎 💋 💋 (the first photo was taken when we had already started self isolation at home, my first symptoms started but I thought I had food poisoning only) #keepsafe #stayhome #lookaftereachother #lookafteryourself Big Thankyou to our health hero’s, Thankyou to the NHS and Thankyou to Key workers in this crazy time 💗

A post shared by Alexina Graham (@alexinagraham) on

ВИДЕО: Иранци, шпанци, италјани, индијци, кинези ... на македонски и на својот јазик ве повикуваат да седите дома

Македонецот Влатко Лазов кој живее во Виена направил прекрасно видео со помош на своите пријатели ширум светот.

Вели сите сме исти во овие тешки денови, луѓе што меѓусебе не се познаваат решив да ги спојам, во едно позитивно видео, со порака на македонски да останеме дома и да се чуваме сите.  

“Да ве поздравиме вака од цел свет мили мои :) Седете си дома без мрдање. Заедно сме во ова. Споделете и се гледаме на лето”, напиша тој на својот Facebook профил.

Популарно