Албино сестри од Казахстан го освојуваат светот со нивната необична убавина

Во зависност за која држава станува збор, шансата да се роди албино бебе се од 1 во 3.000 до 1 во 20.000. Но за две девојчиња од Казахстан овие бројки не значат ништо.

Асел и Камила Калаганова се родени во истото семејство, разликата помеѓу нив е 12 години и, на големо изненадување на сите, и двете се албино.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

Нада Топчагиќ признава дека тешко живее: „Сиромашни сме, цело семејство е на мој грб“

Српската пејачка на народна музика не може да ги изброи сите песни што ги снимила во нејзината долга и богата кариера, но тоа не помага да живее удобен живот денес.

Нада во интервју за српски „Ало!“ признава дека не е во сјајна финансиска состојба и дека целото нејзино семејство и е „на грб“.

– Едвај. Честопати велам дека сме сиромашни. Немаме ништо. Нема кули, градови. Никој не прави ништо во мојата куќа. Јас ги издржувам сите. И син и снаа. Само јас. Тешко е .. – рече Нада, иако има куќа на Тара и стан во Белград.

Нада зборуваше и за колегата, Маринко Роковиќ, со кого шоуто на Саша Поповиќ минатата година бурно се испокара.

– Ние не зборуваме. Тој е добар, тој е добар човек, исто како и јас, но ете… Се случи тој немил настан … Дури и денес не знам кој е виновен и дали има некаков договор меѓу него и Саша Поповиќ да се шегуваат со мене, да ме испровоцираат … Не знам што се случило, но ете, не сме се помириле. Сега кога би му пришла, тој ќе рече: „Ти си виновнна“, и ќе се појави хаос повторно. Не вреди. Растевме на сцената заедно и жал ми е што не зборуваме сега, но нема непотребно да се изложам на стрес, признава пејачката.

Јан и Ана со торта му го честитаа 63. роденден на Влатко Стефановски

Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски денеска наполни 63 години. Најубавата честитка Влатко ја доби од ќерката Ана и синот Јан. Тие на Инстаграм објавија фотографија со роденденска торта на која пишува:

-Среќен роденден тато.

“ Фала ви, сакани мои деца“ напиша Влатко на својот Инстаграм профил.

Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957. Тој е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт-диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“, додека сè уште бил член на „Леб и сол“.

Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди меѓу кои Естрадната награда на Југославија, наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија и други.

Инаку, синот на Влатко, Јан е  дел од „Влатко Стефановски трио“, каде удира на тапани, додека Ана лани докторираше на Универзитетот во Падова, Италија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Thank you, my loving kids!

A post shared by Vlatko Stefanovski (@vlatko_stefanovski_official) on

Популарно